Ајпад 2 од денеска во салоните на „Дуна компјутери“

Bez autora
Jul 27 2011

Популарниот таблет-компјутер ај-пад 2 (iPad 2) на информатичкиот гигант „Епл“, од денес во Македонија ќе се продава ексклузивно во продажните салони на „Дуна компјутери“. Исто така, компанијата која е единствен авторизиран увозник и авторизиран сервисен центар за производите на „Епл“ во земјава, ќе обезбеди сервисна поддршка и услуга за сите корисници на ајпад. Новиот уред може да се користи за пребарување на интернет, за читање и пишување е-пошта, преглед на слики, видео, за слушање музика, играње игри, читање е-книги... Ај-пад 2 е потенок, полесен и побрз од својот претходник, но сепак обезбедува до 10 часа издржливост на батеријата. Новата предна и задна камера овозможуваат „фејс-тајм“ видеоразговори и снимање на ХД-видео на 9,7-инчен мултитач-дисплеј. Во светот веќе се продадени 25 милиони ајпади. Овој таблет-компјутер беше избран од магазинот „Тајм“ како еден од 50-те најдобри иновации на 2010 година, а „Популар сајнс“ го прогласи најдобар уред во изборот на Бест оф Њхат’с нењ 2010, „Енгаџет“ за уред на 2010 година, додека во најновиот извештај на „консјумеррепорт.орг“, „Епл ај-пад 2“ со Ви-Фи и 3Г е на врвот на листата со најветувачки таблет-компјутери.

Ајпад 2 од денеска во салоните на „Дуна компјутери“Популарниот таблет-компјутер ај-пад 2 (iPad 2) на информатичкиот гигант „Епл“, од денес во Македонија ќе се продава ексклузивно во продажните салони на „Дуна компјутери“, соопшти оваа наша компанија.

Исто така, компанијата која е единствен авторизиран увозник и авторизиран сервисен центар за производите на „Епл“ во земјава, ќе обезбеди сервисна поддршка и услуга за сите корисници на ајпад.

Новиот уред може да се користи за пребарување на интернет, за читање и пишување е-пошта, преглед на слики, видео, за слушање музика, играње игри, читање е-книги...

Ај-пад 2 е потенок, полесен и побрз од својот претходник, но сепак обезбедува до 10 часа издржливост на батеријата. Новата предна и задна камера овозможуваат „фејс-тајм“ видеоразговори и снимање на ХД-видео на 9,7-инчен мултитач-дисплеј.

Во светот веќе се продадени 25 милиони ајпади. Овој таблет-компјутер беше избран од магазинот „Тајм“ како еден од 50-те најдобри иновации на 2010 година, а „Популар сајнс“ го прогласи најдобар уред во изборот на Бест оф Њхат’с нењ 2010, „Енгаџет“ за уред на 2010 година, додека во најновиот извештај на „консјумеррепорт.орг“, „Епл ај-пад 2“ со Ви-Фи и 3Г е на врвот на листата со најветувачки таблет-компјутери.

Исто така, оперативниот систем iOS на ајпад годинава ја доби наградата на „ПЦ магазин“ во категоријата мобилни платформи омилени на читателите на списанието.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik